Играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ сподели како ја гледа својата иднина во кралскиот клуб. Многумина очекуваат дека ова ќе биде негова последна сезона на „Сантијаго Бернабеу”, но 35-годишниот Хрват се надева дека ќе остане подолго.
– Би бил среќен да потпишам нов договор и да продолжам да играм за Реал, но сфаќам дека повеќе не сум млад и клубот мора да донесе одлука што е добра за сите страни. Додека сум важен за тимот, се надевам дека ќе останам. Ако тоа се промени, ќе барам нови предизвици, но во моментов вакво нешто не е на дневен ред, изјави Модриќ за медиумите во својата татковина.
Реал го купи Модриќ од Тотенхем во 2012 година. Со белиот дрес 4 пати ја освои Лигата на шампионите, 2 пати титулата во Шпанија, 3 пати Суперкупот на Шпанија и еднаш Кралскиот Куп.
Токму тој ја разби хегемонијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во анкетата за „Златната топка”, освојувајќи ја наградата во 2018 година.