Рафаел Надал зборуваше пред „Газета дело Спорт” за Новак Ѓоковиќ, Федерер, пензионирањето …
Двајцата ќе играат во финалето на Ролан Гарос денеска од 15 часот.
Надал игра за 13. титула на овој турнир, додека Ѓоковиќ го брка 18-от Гренд-слем трофј и влогот е навистина голем, за што зборуваше Надал за „Газета”.
– Ќе видиме што ќе се случи и дали тој ќе ме стигне, Новак има 17 Гренд-слем титули … Јас не сум опседнат, навистина. Отсекогаш сум го следел мојот пат и среќен сум каде оди мојата кариера. Не ми е гајле дали ќе бидам подобар од Роџер или не. Ќе продолжам да ја работам својата работа и да играм најдобар можен тенис. Мојата иднина е во академијата што ја започнав, мојот личен проект, рече Надал.