Претседателот на Мексико, Лопез Обрадор испрати писмо до папата Франциск во кое бара извинување од Католичката црква поради угнетувањето на домородното населени при шпанското освојување пред 500 години.
Во писмото се бара од Ватикан привремено да ги врати неколки древни автохтони ракописи што се чуваат во неговата библиотека, пред 500-годишнината од шпанското освојување на Мексико.
Обрадор истакна дека шпанската круна, шпанската Влада и Ватикан треба дасе извинат на автохтоното население поради „страшните злосторства” извршени од конквистадорите што пристигнаа во Мексико 1521 година.
Католичката црква имаш клучна улога во шпанското колонизирање на Америка, која го ширеше своето царство со испраќање на мисионери да го преобратат домицилното население во христијанство.
Орбадор слично барање испрати минатата година до шпанскиот крал Филипе идо папата, но шпанската Влада ја одби молбата.