Од полноќ се укинува ПЦР тестот со регионот – Груби: Од утре граѓаните можат да патуваат во соседните држави

Почнувајќи од полноќ на 12 октомври, граѓаните од државите од регионот ќе можат да се движат без обврска да приложат негативен ПЦР тест.  Одлуката се уште останува на сила, изјавија од Владата и се очекува дека со истата безусловно преминување на границата ќе  дозволат и другите држави за граѓаните на земјава . Во меѓувреме, првиот вицепремиер Артан Груби дециден. Од полноќ и нашите државјани ќе можат да патуваат во Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

„Укинувањето на ПЦР тестот е прашање на реципроцитет. Ако го укине Северна Македонија утре, и ние веднаш ќе го направиме тоа.“

Отворањето на границите се случува во време кога во земјава  се регистрираат рекордни бројки на заразени, до 393 на ден. Инфективната клиника која се користи како Ковид Центар од вчера со исполнети капацитети и од денеска во функција се става и Модуларната болница. Но здравствените власти убедени дека укинувањето на тестот нема да влијае на епидемиолошката состојба.

ПЦР тестовите за поминување граница во регионот се укинаа и во јули, но се вратија на сила по неколку дена поради опасноста од зголемен број позитивни случаи со Ковид-19. Во знак на револт, иста таква одлука донесе и владата на Косово. Инаку за во Бугарија и Грција се уште нема влез без ПЦР тест.

Извор: TV21

Треба да знаете
Последни објави