Денеска во Србија почина познатиот фолк пејач Бора Дрљача на 80-годишна возраст, пренесуваат српските медиуми.
Бора ќе остане запаметен како естраден уметник со плодна музичка кариера кој се закити со наградата за животно дело. Зад себе остава околу 400 песни, продавајќи над пет милиони плочи и касети низ годините.
Пејачот и покојната сопруга Верица имаа два сина, Владимир и Бранислав. Бора не криеше дела тешко го поднесе трагичното самоубиството на сопругата, која беше пронајдена мртва во парк откако се предозирала со седативи.
Дрљача починал дома, но неколкупати бил хоспитализиран во последните месеци.
Во јуни годинава пејачот бил примен во болницата на хируршкиот оддел за онкологија при Клиничкиот центар на Србија за третман на меланом на кожата. Тогаш бил опериран и му бил отстранет меланомот, како и жлездите што биле околу него.
Во ноември 2019 година, тој беше опериран од тумор на дебелото црево, проследен со уште неколку операции. Неколку месеци подоцна во интервју за српски Телеграф, фолк пејачот зборуваше за својата здравствена состојба и како се чувстува.
„Бев на операција, поминав повеќе време во болница отколку дома во ова време на изолација. Се чувствував подобро и побезбедно во болницата отколку дома. Бев хоспитализиран неколку недели поради згрутчување на крвта што го добив по операција на дебелото црево. Нема операција за тоа, нема лекови, само лежење и инекција, една наутро, навечер или преку инфузија. Тка, поминав месец и половина во болница без врска, уживав да лежам, не знаев како да одам кога требаше да одам дома. Сè помина добро, сè уште чекам терапија и бев на консултации. Лекарите видоа нешто помеѓу дебелото црево на магнетното поле, сепак, не беше малигно, немаше ништо. Се јавив на лекар денес да ми ги отстранат конците. Претпоставувам дека сè ќе биде добро, а и годините се тука. Кога разговарам со луѓето, тие ми велат: „Не си болен, твојот глас ѕвони“. Да, ми останува само глас, можам да пеам што сакам!“, рече Дрљача за српскиот медиум во мај годинава.