Јавноста денеска беше сведок на срамно однесување на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ која требаше да учествува на централната манифестација во Куманово, по повод одбележувањето на големиот празник 11 октомври – Денот на народното востание.
Денеска, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ не оддаде почит ниту на државната химна, ниту на борците, ниту пак на одбележувањето на 79 години од почетокот на антифашистичката борба.
Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ срамно заминаа без да ја испочитува државната химна, без да ги ги поздрави претставниците на Сојузот на борци и дипломатскиот кор, без да ја проследи манифестација. Иако според протоколот и за нивната делегација како и за сите останати, имаше предвидено место за седење.
ВМРО-ДПМНЕ предводени од губитникот Христијан Мицкоски уште еднаш покажаа дека не им е важен празникот 11 октомври, не им е се важни борците од НОБ, ниту оние кои ги поставија темелите на македонската држава.
Мицкоски и ова раководство на ВМРО-ДПНЕ остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.