Во текот на денешниот ден во центарот на Лос Анџелес уапсени се 76 лица додека ја славеа шампионската титула на Лејкерс, објави „USA Today”.
Портпаролот на полицискиот оддел Дрејк Медисон изјави дека пет од уапсените лица се обвинети за грабеж, едно за вандализам. Еден полицаец се здобил со повреда на раката. Најмалку едно лице е уапсено за напад на полицаец.
Staples Center @USATODAY @usatodaysports pic.twitter.com/4oO115ycNK
— Harrison (@HarrisonHill) October 12, 2020
Според полициските сили на Лос Анџелес, осум полицајци биле повредени. Двајца навивачи се повредени од полицијата и пренесени во болница.
ЛА лејкерс ноќта недела кон понеделник го победи Мајами Хит во шестиот натпревар од финалната серија од плејофот и по една деценија повторно стана шампион во НБА лигата.
Things have turned sour down here at Staples Center. LAPD is firing rubber bullets. #LakeShow fans started turning on police after they arrested a man in a Kobe jersey. pic.twitter.com/YK9wd0iAdW
— dylan stewart (@dylanstw__) October 12, 2020