Европската унија испраќа дополнителна заштитна опрема во С. Македонија

Европската унија продолжува да испраќа заштитна медицинска опрема на Западен Балкан, соопштија од Европската комисија. Во време кога бројот на заразени со коронавирусот расте низ цела Европа, од Европската унија преку заеднички залихи и Механизмот за цивилна заштита испратени се 130.000 заштитни медицински маски, како и заштитни одела, во Северна Македонија и Црна Гора, јави Танјуг.

Во Брисел наведуваат дека заедничките европски резерви на медицинска опрема се создадени за да им се помогне на земјите кои се соочуваат со недостаток во контекст на епидемијата на коронавирус.

Во исто време, Словачка преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и понуди на Северна Македонија FFP2, FFP3 и хируршки маски, како и хигиенски пакети, ќебиња, шатори и генератори.

Оваа поддршка доаѓа како додаток на 520 000 маски кои веќе се доставени од резервите на ЕУ, при што Европската комисија покрива 100 отсто од трошоците и ја координира дистрибуцијата.

Треба да знаете
Последни објави