Во катстрофалните поплави во Виетнам досега загинаа најмалку 23 лица, соопшти денеска владината канцеларија за итни случаи. Поплавите се предизвикани од огромните количества дожд што паднаа со бурата „Нагнка”, а метеорлозите очекуваат ио нови врнежи.
Уште 14 лица се водат за исчезнати во поплавите.
Локалните власти од поплавените подрачја евакуираа околу 46.000 лица, а дури 109.000 домаќинства се уништени или оштетени, додека уништени се и посеви на површина од 584 хектари.
Британските медиуми јавуваат дека некои локални патишта се надвор од употреба.
Денес е јавено и дека 13 работници, кои работеле во хидроцентрала во централната провинција Туа Тиен Хуе, се затрупани под земја поради ерозија на почвата.
-Добивме извештај дека меѓу 10 и 13 работници се затрупани под земја и не знаеме дали се живи, изјавија од Националната служба за итни случаи.