За раководството на криминалната организација „Златна зора“, за лидерот и за шестемина поранешни пратеници, нема да бидат земни предвид олеснителните околности предложени од нивните адвокати и нема да има намалување на казните, јавуваат грчките медиуми.
Со отфрлањето на барањето за намалување на казните, лидерот на организацијата и уште шест поранешни пратеници се соочуваат со казна затвор од пет до 15 години.
Во исто време со рочиштето, пред судот се одржува протест против Златна зора.