Реал размислува за разделба со Еден Азар

Шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид веќе размислува да се раздели со својата скапо платена sвезда Еден Азар, пренесуваат тамошните медиуми. Белгиецот, кој пристигна на „Сантијаго Бернабеу” минатото лето, веќе е поврзуван со трансфер далеку од Мадрид, откако не успеа да ја импресионира управата на клубот.

Азар пристигна во Реал за 100 милиони евра од Челси, но од повеќе причини разочара со неговиот настап. Белгиецот често пати страда од повреди, а во последно време ги налути своите шефови затоа што замина со репрезентацијата на Белгија наместо да се фокусира на неговата игра на клупско ниво.

Ова не е прв случај во кој Реал подготвува разделба со скапо засилување, кое разочара со својата игра во клубот. Пред него иста судбина имаа и играчи како Хамес Родригез, кој исто така пристигна за огромна сума, но не ги оправда очекувањата од една или друга причина.

Треба да знаете
Последни објави