Младо момче денеска отворило оган кон минувачи на автобуска станица во западниот руски град Нижни Новгород, убивајќи најмалку четворица мажи, јави ДПА.
Во нападот, што се случи доцна попладнево, сериозно се повредени и три жени, соопшти полицијата, на која се повикува агенцијата.
Полицијата соопшти дека трага по вооружено 18-годишно момче, кое е осомничено дека, наводно, со возило избегало од местото на настанот.
Мотивот за нападот, засега останува нејасен, додава ДПА.