Британската Влада смета дека земјата е во критичната точка од пандемијата

Британската Влада процени дека земјата се наоѓа во критична точка од кризата со пандемијата на коронавирусот и дека сега е важно веднаш да се дејствува, пренесуваат британските медиуми.

-Кабинетот се согласува дека сме во критичната точка, бидејќи се соочуваме со уште еден бран и дека е важно да се преземат чекори за да се спречи ширењето на вирусот, рече портпаролот на владата по состанокот на кабинетот за време на викендот.

Во земјата денеска треба да бидат соопштени новите рестриктивни мерки за контрола на ширењето на Ковид-19.

Би-Би-Си пренесе дека попладнево на прес конференција ќе биде соопштена одлуката за новите мерки, откако во текот на денот се сретнаа премиерот Борис Џонсон и претставници на Комитетот за итни случаи- Кобра.

Според најновите податоци, од почетокот на пандемијата досега во Велика Британија се заразени над 603.000 луѓе, а 42.805 умреа.

Треба да знаете
Последни објави