Дуото кое стои зад светски успешниот филм за суперхерои „Wonder Woman“, актерката Гал Гадот и режисерот Пати Џенкинс, се здружија за снимање на историската драма „Cleopatra“.
Ова не е прва планирана реализација за египетската владетелка по познатиот филм од 1963 година со Елизабет Тејлор. Режисерите какоДејвид Финчер, Анг Ли и Денис Вилнев беа поврзани со биографски филмови за Клеопатра и се шушкаше дека би ја играле Анџелина Џоли и Лејди Гага. По разни гласини и шпекулации, сега пристигнаа и вести за конкретен проект, пренесува Deadline.
Лета Калогридис (Shutter Island)ќе го напише сценариото, а таа ќе ја игра и улогата на извршен продуцент. Студиото Paramount Pictures победи на конкурсот за филмот, а во игра беа и Universal, Apple, Warner Bros и Netflix.
Идејата за проектот дошла од Гадот, која ја ангажирала Калогридис да истражува и да започне да ја подготвува приказната.
https://www.instagram.com/p/CGOJbuxhZql/