Во последните 24 часа во Србија починале две лица, а регистрирани се 67 новозаразени од коронавирус од 5263 направени теста.
Од почетокот на пандемијата во Србија вкупната бројка на заразени со ковид 19 е 34 854 случаи а починати се 765 лица. Кај нашиот северен сосед тестирани се вкупно 1 199 799 лица кои ги исполнувале критериумите за тест.
Во моментов во болниците во Србија на респиратор се 20 пациенти. Најголем број од заразените според медиумите се во Белград, дури 57 проценти.