Зголемена фреквенцијата на ГП Јажинце, околу 1500 лица до 15 часот

Значително зголемување на фреквренција на луѓе се бележи во текот на денешниот ден на граничниот премин Јажинце откако има можност да се поминуваат границите помеѓу Македонија и Косово без ПЦР-тест за коронавирус, информираат од тамошната полициска станица за гранички проверки.  Според нивните податоци, од ноќеска на полноќ до 15 часот границата ја поминале околу 1500 лица.

-Сообраќајот и преминувањето на границата се одвива тековно и без проблеми. Денес во временскиот интервал 00:00 до 15:00 часот преку граничниот премин Јажинце за влез и за излез поминале околу 500 странски државјани и околу 1000 македонски државјани. Во периодот кога за преминување на границата требаше да се има ПЦР-тест на дневна основа поминуваа само по 15-20 луѓе, информира Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце.

По излез преку преминот Јажинце,  на територија на Косово се влегува на граничниот премин Глобочица.

Треба да знаете
Последни објави