Целта е следното лето да функционира новиот, постојан цетар за бегалци и мигранти на Лезбос, рече министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис на денешната прес конференција.
Митаракис објасни дека ограничувањето на бегалските и мигрантските бранови и ограничувањето на последиците врз локалното население се целите на Владата и паралелно детално се задржа на седумте промени направени во управувањето со мигрантското прашање.
Објасни дека бегалските бранови се намалени за 73 отсто, односно годинава пристигнале 12.289 лица, наспроти 44.734 пристигнувања во истиот период лани. Намалувањето е најголемо на островот Лерос, за 99 отсто, а најмало (61 процент) кај Еврос.
Митаракис се задржа и на убрзувањето на процедурата за добивање азил, на контролата на Невладините организации, преку специјален регистар, на префрлањето на бегалците и мигрантите од островит во други делови на Грција, како и на затворените контролирани центри.
Истакна дека за овие центри, главната порака на Владата „Никогаш повеќе друг камп Мориа” и објасни дека центрите ќе понудат достонствени услови за живот, но и ќе ја гарантираат безбедноста.
Говорејќи за целите, Митаракис рече дека намерата е да се затворат постоечките центри и во 2021 година, од 32 кампови да се намалат на 26.
Во однос на коронавирусот, министерот за миграција и азил на Грција објасни дека од почетокот на пандемијата биле регистрирани 750 случаи на Ковид-19 во бегалските кампови, а починало едно лице.