Озил одбил понуда од Саудиска Арабија

Играчот за врска на англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал, Месут Озил, ја одбил понудата за трансфер во Ал-Насер (Саудиска Арабија), објави на Твитер новинарот Цезар Луис Мерло.

Клубот понудил 5 милиони фунти за 31-годишниот Германец, а на самиот Озил – двегодишен договор со плата од 20 милиони годишно.

Но, играчот за врска сè уште не сака да го напушти лондонскиот клуб.

Германецот со турски корена има договор со „топџиите” до јуни 2021 година. Тој во моментов не игра за Арсенал.

Последен пат Озил беше на теренот во март годинава.

Треба да знаете
Последни објави