Победа на конзервативците на парламентарните изборите во Литванија

Литванската опозициска конзервативна Татковинска партија победи во првиот круг од парламентарните избори, освојувајќи 23 од вкупно 141 пратенички места.

Партиите Фармери и Унија на зелените, кои се дел од актуелната владејачка колаиција, според освоените 16 мандати се на второ место со освоени 16 места, а голем број на партии не успеаја да го поминат изборниот цензус.

Двете либерални партии, Партија на слободата и Либерално движење освоија 14 места, работничката партија – девет, а Социјал-демократката партија –осум пратенички места.

Тројца кандидати во едночлените изборни единици прогласија победа во првиот круг од парламентарните избори, меѓу кои и поранешната министерка за финансии и една од лидерите на Татковинска партија, Ингрид Симоните. Таа е поранешна кандидатка на претседателските избори, а се очекува да биде и следната премиерка на Литванија.

Вториот круг од парламентарните избори е закажан на 25 октомври, а ќе сеодржи  во изборните единици каде ниту еден кандидат не добил мнозинство. 

Треба да знаете
Последни објави