Локалната власт во Ѓорче Петров предводена од СДСМ постојано инвестира во проекти важни за граѓаните во секое населено место во општината.
Во должина од 1300 метри го проширивме и асфалтираме патот од Волково до Кучково, со што овозможивме побезбедно движење по овој правец, кој Ѓорче Петров го поврзува со излетничкото место Кучково.
Коловозот е со широчина од 6 метри, а поставени се и тротоари од двете страни од по 2 метри широчина.
Овој патен правец воопшто не беше реконструиран повеќе од 20 години, а беше опасност за безбедно одвивање на моторен сообрајќај и движење на пешаци и велосипедисти.
Истовремено, Волково добива и кружен тек, со што се зголемува безбедноста и се забрзува протокот на сообраќајот во овој дел од општина Ѓорче Петров.
СДСМ продолжува да се грижи за интересот на граѓаните и да инвестира во проекти кои се приоритет за сите.
Градиме по план, развиваме проекти за поголема безбедност на патиштата.