Таџакистанскиот претседател Емомали Рахмон е реизбран на вчерашните избори со над 90 отсто од гласовите. На вчерашните претседателски избори не учествуваше реална опозиција, а Рахмон имаше четири привидни противкандидати.
Централната изборна комисија соопшти дека Рахмон освоил 90,9 отсто од гласовите, со што тој обезбеди нов седумгодишен мандат.
Рахмон е на власт од 1992 година, а во поранешната советска република во Централна Азија, опозицијата е исклучена од политичкиот живот. Единствената Социјалдемократска партија, што се смета за опозиција во Таџакистан, не учествуваше на изборите, на кои излезноста изнесува 85 отсто.
Со победата Рахмон може да помине 30 година на власт, што би било најдолго владеење во некоја од поранешните советски републики, со што ќе го собори рекордот на поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбајев.
Таџакистан, со деветмилионското население, е најсиромашна држава во Централна Азија.ниту едни избори не се признаени како фер од страна на набљудувачите.
Во периодот од 1992 до 1997 година во Таџакистан, што се граничи со Авганистан, имаше граѓанска војна помеѓу прокомунистичките власти и муслиманските бунтовници, при што загинаа над 100.000 луѓе.