Скопјанец бил приведен во полициска станица Центар откако полицајците кај него пронашле марихуана.
Вчера околу 16.00 часот на подрачјето на Центар, во близина на Средно Водно, од страна на полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Е.Ш.(28) од Скопје, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана, соопшти МВР.
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.