УХМР предупредува дека во Македонија доаѓа невреме предизвикано од обилни врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност денеска попладне, во текот на ноќта и утре претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови ќе се прошират во целата земја и ќе се интензивираат.

Во текот на ноќта и утре во утринските часови локално процесите ќе бидат во форма на невреме со обилни врнежи од дожд (над 30 л/м2 за кратко време), силен ветер (со удари над 80 км/час), појава на грмежи и можна појава на град предупредуваат од УХМР.

Треба да знаете
Последни објави