Бројот на активни случаи на Ковид-19 во главниот град изнесува 1.792, а речиси 1.000 од жителите
на Скопје кои се заразени во моментов, се од само три општини: Центар (330), Аеродром (327) и
Карпош (319), покажуваат последните податоци на здравствените власти.
По Скопје, најмногу активни случаи има во Струмица- 267 и Тетово 222.
Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи со Ковид-19 од кои во Скопје-96.
Активни случаи по општини во Скопје:
• Чаир – 92
• Гази Баба – 171
• Аеродром – 327
• Карпош – 319
• Центар – 330
• Кисела Вода – 210
• Ѓорче Петров – 155
• Бутел – 68
• Шуто Оризари – 15
• Студеничани – 3
• Сарај – 15
• Арачиново – 4
• Илинден – 30
• Сопиште – 10
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 7
• Зелениково – 3
• Странец – 14
• Нераспределен-15.