Белорускaта полиција ќе користи боева муниција на протестите

Белоруските безбедносни сили во иднина ќе можат да користат боева муниција доколку дојде до радикализација на протестите или доколку демонстрантите бидат насилни, соопшти  Министерството за полиција.

Британските медиуми пренесуваат дека белоруските безбедносни служби во текот на вчерашниот протест во Минск уапсија неколку десетици демонстранти, а притоа користеа и водени топови и палки за разбивање на толпата.

Демонстрантите сакаат нови претседателски избори, затоа што ги оспорија резултати од изборите што се одржаа на 9 август, кога Александар Лукашенко го освои шестиот претседателски мандат. сд/

Треба да знаете
Последни објави