Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили, беше нападнат во Атина, каде дошол на состанок со грузиските имигранти, пренесе „Спутник Грузија“.
Телевизијата „Мтавари“ објави видео-снимка од инцидентот.
На видеото може да се види дека во близина на зградата во која требало да се одржи настанот, младо момче со капа му приоѓа и го удира по главата, а насобраните луѓе во паника почнуваат да бегаат.
Поранешниот претседател на Грузија, сепак, се сретна со имигрантите и им ги кажа своите политички планови.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во мај го именуваше поранешниот претседател на Грузија, за шеф на извршниот одбор на Националниот совет за реформи.