Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова за Канал 5 најави дека утре ќе одржи прес конференција ќе ги образложи распределбите на пари што во јавноста предизвикаа реакции и сомнеж.
Димова појасни дека планирала да излезе со целосно објаснување пред да биде прозвана и од премиерот Зоран Заев, за да ги презентира сите детали околу распределба на пари.
Во меѓувреме со соопштение се огласи и Агенцијата, за пишувањата во медиумите дека скопска фризерница преку Еразмус плус програмата преку неколку грантови добила 270 илјади евра.