Една година постоење одбележа младинската организација „Хрватски форум”

Младинската организација „Хрватски форум” во Тетово денеска одбележа една година од основањето, а по тој повод беше организирана средба со медиумите, во Урбан клуб во градот каде е одржано основањето. Минатата година по иницијатива на 10-мина млади е создадена „Хрватски форум” со цел да го покрива подрачјето на македонско – хрватското пријателство, унапредување на меѓудржавната соработка, вклучувањето на младите како и промоција на двете култури.

-Во периодот зад нас успеавме да спроведеме голем број едукативни, програмски и хуманитарни активности, особено на територија на општина Тетово, кои навистина опфатија голем број на учесници. Формиравме и Програмски совет како советодавно тело составено од истакнати личности, експерти, професори, а беа организирани и Одбори во различни области. Нашата идеја да се организираме и да соработуваме е денеска реалност која како таква ни дава за право да веруваме дека е ова здрава основа за понатамошен уште поактивен и поорганизиран пристап од наша страна, но и за  хрватската заедница во Македонија воопшто, изјави генералниот секретар и основач на ХФ, Марко Видачек, на денешната прес – конференција во Тетово по повод една година од основањето на Хрватскиот Форум.

На прес – конференцијата заменик претседателот на Одборот за надворешни работи, Азиз Сулејмани, истакна дека на меѓународен план воспоставена е соработка со бројни граѓански организации од Хрватска и од другите соседни земји, за што очекуваме во наредниот период тие ќе се интензивираат.

-Го следевме периодот на претседавање на Хрватска со ЕУ и како таков сметаме дека се покажа навистина значаен за македонската европска перспектива, изјави Сулејмани.

-Ќе воспоставиме соработка со македонските и хрватските универзитети, продлабочување на економската и културната соработка помеѓу Македонија и Хрватска, како и едно уште поголемо вмрежување на младите од Македонија и Хрватска, истакна Видачек.

Наредниот месец треба да се одржи изборно собрание. Хрватски Форум во измината година создаде  организација со локални клубови во шест градови

Треба да знаете
Последни објави