Советот на министри за надворешни работи на ЕУ се согласни околу воведувањето санкции против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.
Претходно беше објавено дека повеќе земји се залагаат за воведување санкции против Лукашенко.
#BREAKING EU ministers agree to sanction Lukashenko: diplomatic sources pic.twitter.com/FpEJNhP5xk
— AFP News Agency (@AFP) October 12, 2020
Министерот за надворешни работи на Романија истакна дека неговата земја се залага за тоа на листата санкционирани лица да се стави и белорускиот претседател.
Истото го смета и германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас. Тој во пресрет на состанокот со колегите во Луксембург, рекол дека од последниот состанок не дошло до напредок на ситуацијата во Белорусија.
Земјите во ЕУ одлучија да воведат санкции против Белорусија поради ситуацијата во земјата која трае од претседателските избори одржани на почетокот на август.