Пет позитивни случаи на Ковид-19 во Премиерлигата

Премиерлигата објави дека при последното тестирање во сите 20 клубови откриени се пет нови случаи на Ковид-19.

Помеѓу 5 и 11 октомври тестирани се вкупно 1.128 фудбалери и членови на клубовите, а само петмина биле позитивни. Тие ќе мора да бидат во изолација 10 дена, а потоа да направат два теста.

Не се откриваат јавно имињата на позитивните, а ова е помала бројка во однос на минатата недела, кога имаше девет позитивни случаи на коронавирус.

 

Треба да знаете
Последни објави