Британскиот пејач текстописец Пол Хитон беше пофален за неговата дарежливост, откако последниот уредник на поп-магазинот „Кју“ Тед Кеслер откри како пејачот ги поддржувал вработените кога згасна публикацијата.
Во објава на Твитер, Тед Кеслер објаснува дека музичарот дал голема донација за списанието, која потоа било поделена меѓу 40 вработени откако легендарната поп-публикација згасна летово по 34 години постоење.
„Тоа навистина беше неверојатно љубезен, несебичен, дарежлив чин“, напиша поранешниот уредник. „За некои, тоа значеше дека може да платат некоја сметка дома. Како благодарност, вработените решија да му доделат Q Award (награда Кју) за да оддадат почест на ѕвездата.“
Примајќи ја наградата во петокот, Хитон му се заблагодари на списанието за убавите зборови за него и за неговата донација.
Кеслер, кој беше на чело на Q Magazine во периодот кога згасна, ја сподели приказната на Твитер на датумот кога требаше да се случи годишната церемонија на доделување на наградата „Кју“.
„Кју“магазинот, камен-темелник на рок-новинарството во Велика Британија, уште една жртва на пандемијата, своето последно издание го објави на 28 јули.