Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ во разговор за ТВ21, рече дека таа и сите вработени на Инфективна посакуваат бројките на заразени да опаѓаат.
Но, додаде таа, со ваквото однесување, тоа едноставно не е можно.
„Секако дека ние очекуваме и посакуваме бројките да опаѓаат. Но, ако продолжиме со ваквото однесување може да очекуваме само да растат“, изјави Стевановиќ и апелираше на почитување на мерките.