Проблемите кои му се наметнаа на македонскиот фудбалски селектор Игор Ангеловски – Мрме околу кандидатите на кои ќе може да смета за составот на тимот на утрешниот меч против Грузија во Скопје (20.45 ч.) во рамките од 4. коло во групата од Лига нации продолжуваат со придодавање на листата со имињата на оние кои нема да играат на Стефан Спировски. Играчот од средниот ред Спировски се пожали на повреда по мечот со Естонија во Талин (3:3), но се веруваше дека ќе биде оспособен за игра.
-Спировски не го издржа денешниот тренинг и тешко дека ќе можам да сметам на него за утрешниот натпревар со Грузија, изјави Ангеловски.
Претходно од конкуренцијата за тимот отпаднаа: Егзон Бејтулаи, Кристијан Тошевски и Аријан Адеми кои се пожалија на повреди, Висар Муслиу и Енис Барди немаат право на анстап поради картони. Ферхан Хасани е ослободен од обврски поради мерките во Финска со коронавирусот, додека Елиф Елмас воопшто не беше дел од репрезентативната експедиција бидејќи беше позитивниот тест на коронавирус.
Ангеловски повика четири нови играчи Енур Тотре и Љупче Дориев од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар и Томе Китановски од Македонија ЃП.