Еден 25-годишен маж во Невада е идентификуван како првиот човек во САД што заболел двапати од Ковид-19, се наведува во студијата објавена во медицинското списание „Лансет”.
Откритието укажува на тоа дека заразувањето со вирусот „не може да гарантира целосен имунитет во сите случаи”, пишуваат авторите на студијата. Исто така, се доведува во прашање вредноста на кој било потенцијален извор или индикатор за имунитет – без разлика дали тоа е тестирање на антитела, употреба на крвна плазма како третман, или можеби дури и вакцина, вели Сем Бејкер од Аксиос.
Луѓето кои биле заразени „треба да преземат идентични мерки на претпазливост” како и оние кои никогаш не го имале вирусот, потенцираат истражувачите.
Случајот во Невада е петта потврдена реинфекција во светот, откако научниците ја документираа првото повторно заразување во Хонг Конг во август.
Пациентот од Невада првпат бил позитивен на тестот на 18 април, и повторно на 5 јуни. Во меѓувреме тој имал два негативни теста, се наведува во студијата.
Неговите симптоми биле потешки за време на втората инфекција.
Откритието може да има значителни импликации во однос на ефикасноста на потенцијалната вакцина против коронавирус, која можеби нема да резултира со ниво на имунитет од 100 отсто за сите лица, потенцираа истражувачите.