Пејачот Том Паркер (32), еден од членовите на бендот The Wanted, има неоперабилен тумор на мозокот, објавија британските медиуми.
Паркер, на кого му е дијагностициран глиобластом во фаза 4, изјави дека е сè уште во шок откако пред шест недели му било кажано за болеста, пренесуваат „Би-би-си“ и „Гардијан“.
„Знаев дека нешто не е во ред, но никогаш не очекував вакво нешто.“
Во разговор со „ОК магазин“, тој рече дека останува позитивен и покрај тоа што му било кажано дека туморот е во терминална фаза. „Тука сум и ќе се борам против ова.“
Паркер стекна слава на почетокот на 2010-тата, како дел од бендот The Wanted, искачувајќи се на место број еден на топлистите со сингловите All Time Low и Glad You Came.
Паркер има 16-месечна ќерка и го очекува второто дете со сопругата Келси, со која е во брак од 2018 година.