Претседателот на САД, Доналд Трамп е негативен за Ковид-19 и не е заразен за другите луѓе, изјави докторот на американскиот претседател Шон Конли, десет дена откако беше објавено дека Трамп и првата сопруга Меланија се болни од коронавирус.
Во меморандумот објавен од Белата куќа неколку часа пред почетокот на собирот во градот Санфорд во американската држава Флорида, со кој американскиот претседател ја продолжува кампањата за претседателските избори, Конли рече дека тестот на лабораториите Абот покажал негативен резултат.
Конли истакна дека негативниот тест и другите клинички и лабораториски податоци покажуваат, како што рече, отсуство на видливи копии на вирусот.Лекарот на претседателот исто така рече дека медицинскиот тим, врз основа на упатствата на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, утврдил дека претседателот не е заразен за другите луѓе.
На 2 октомври, претседателот на САД објави дека тој и Меланија Трамп се позитивни на коронавирус. Вечерта Трамп беше префрлен на болничко лекување во воената болница Волтер Рид во предградието на Вашингтон, додека првата дама го продолжи третманот дома.Епилогот од нејзиното лекување засега е непознат во јавноста.
Трамп го заврши болничкото лекување минатиот понеделник кога се врати во Белата куќа, а во саботата за прв пат се појави во јавноста на митинг во Белата куќа организиран за поддршка на полицајци и други службеници коишто го спроведуваат законот.