Ангеловски: Првпат играме три натпревари за седум дена

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски е оптимист пред утрешниот трет натпреавр за една недела кој државниот тим ќе го одигра со Грузија во Скопје (20.45 ч.) во рамките од  4. коло во групата од Лигата на нациите. Македонија не ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Естонија во Талин каде избегна пораз во последните десетина минути од мечот (3:3), но тоа не ја наруши победничката атмосфера.

-Иако не го остваривме поскауваниот резултат во Естонија, атмосферата во екипата е добра. Ние во овој циклус главното го остваривме во баражот против Косово, рече Ангеловски и напомена дека Грузија е добро анализирана, но и дека тимот се подготвуваат само за овој меч, а не за тој историскиот во кој влогот ќе биде пласман на ЕП.

-Ја анализиравме Грузија, се подготвуваме за ова што не очекува во Скопје, не за она што следува со нив после еден месец. Целта е да ги освоиме бодовите, затоа што тоа ќе не осамостојат на првото место, изјави Ангеловски.

Тој реагираше на згуснатиот распоред, односно три натпревари за седум дена, и истакна дека и Италија и Шпанија реагирале на таквиот распоред.

-Прв пат играме во седум дена три меча. Првиот се знае колку беше важен. И кога една Италија и Шпанија упатија јавни критики за распоредот, тогаш што останува за нас помалите. И Грузија има проблеми со составот. Од она што го имаме, ќе го извадиме најдоброто на теренот. Сакаме да бидеме први, а истото веројатно ќе го стори и Грузија, порача Ангеловски во пресрет на утрешниот дуел со Грузија.

Треба да знаете
Последни објави