Битолчанец со употреба на спреј кој го вперил во вработена, украл пари од маркет во овој град.
Од СВР-Битола информираат дека настанот се случил во текот на вчерашниот ден, во маркет на улицата „Гоце Делчев” во Битола.
-Веднаш по пријавата од маркетот дека непознато лице со спреј ја исплашил вработената, а потоа и одзел пари од касата, интервенираше полициска екипа која го евидентира и расчистува случајот, соопштуваат од секторот за односи со јавноста.
Во текот на вчерашниот ден, СВР-Битола исто така регистрирала непријатен настан омаловажување на полициски службеници од страна на лицето К.М. од Струмица.
Од СВР-Битола посочуваат дека струмичанецот ги навредувал полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај на локација од патот кој од Битола води кон границата со Република Грција.