Афроамериканецот Доналд Нили (44) ја тужи полицијата во Галвестон, Тексас која го понижиле врзувајќи го со јаже за коњ.
Тој бил уапсен на 3 август лани поради ситен криминал. Двајцата полицајци-белци на коњи, го врзале бездомникот со јаже и го влечеле врзан низ улицата во градот.
Нили сега бара еден милион долари, велејќи дека претрпел понижување и страв за време на апсењето, а однесувањето на полицајците било „екстремно и безобразно“. Тие и физички го повредиле Нили и му предизвикале емоционална вознемиреност.