Лондонската полиција издаде кратко соопштение до граѓаните во кое се наведува дека во болницата Сент Томас се одвива „безбедносен инцидент“.
Во меѓувреме, Вестминстерскиот мост е затворен за сообраќај.
Полицијата на својот твитер-профил објави дека наскоро ќе им дадат повеќе информации на граѓаните.
⚠ Westminster Bridge is currently closed by the police – looks like there's a cordon near St Thomas’ hospital too [ro] pic.twitter.com/SsoMzuWMZL
— BBC Radio London Travel (@BBCTravelAlert) October 13, 2020
Потоа полицијата на Твитер наведе дека вооружени полицајци влегле во болницата Сент Томас, никому не му било дозволено да влезе или да излезе од неа.
Од полицијата додаваат дека ќе се обратат до јавноста кога ќе имаат повеќе информации, додека никој од болницата не се јавува во врска со инцидентот.
Еден од очевидците рекол дека видел многу вооружени полицајци и дека сè изгледа како областа да е затворена.
Друг очевидец вели дека видел како граѓаните се тераат што е можно подалеку од мостот Вестминстер, објави „Дејли експрес“.