Ди Мајо: Новите мерки служат за да се спречи воведување блокади

Новите владини мерки против Ковид-19 во Италија ќе помогнат да се спречи нова национална блокада, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо.

Тоа ќе се случи и покрај признавањето дека стапките на зараза со вирусот растат низ целата земја, рече тој.

– Стапките на зараза се високи, тоа е точно, напиша Ди Мајо на својот профил на Фејсбук и додаде дека со воведувањето на ситe мери против Ковид-19 можно е да се запре вирусот.

– Во Италија се воведуваат построги мерки затоа што ако сега интервенираме можеме да го заштитиме здравјето на граѓаните, здравјето на земјата и да спречиме нова блокада, рече Де Мајо.

Тој додаде дека Италија треба да дејствува како тим со цел што побрзо да добие средства од Фондот за обнова на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави