Европската унија сака трговски договор за Брегзит со Обединетото Кралство, но мора да биде подготвена доколку не биде постигнат, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
– Договорот е во интерес на сите, истакна Меркел за време на расправата за германското претседавање со Унијата во Комитетот на регионите на ЕУ.
Таа нагласи дека „ЕУ е единствена во својата желба да се постигне договор во толку краток временски период, но исто така мора да биде подготвена во случај да нема договор”.