Таа беше една од најголемите ѕвезди додека „блескаше и гореше“ со групата „Спајс грлс“ во 90-тите, а денес, наводно, три години по бурниот развод со сопругот Стивен Белафонте е толку сиромашна што нема свој покрив, но живее со мајка си тврди списанието „Women’s Day“ во ново издание. Поранешниот брак на 45-годишната Мелани Браун, попозната како Мел Б, во кој таа го обвини својот 45-годишен сопруг дека е насилен и ја изневерува со дадилката, како и разводот, ја остави сериозни последици врз неа. Веќе не се справува како порано и сега наоѓа најголема утеха во поминувањето време со нејзината мајка.
Доверлив извор откри дека Мелани, наводно, била силно погодена од фактот дека е без пари и сопствена куќа, а нејзиниот поранешен сопруг неодамна купил куќа во Лос Анџелес во вредност од два милиони долари, a дека за тоа наводно му помагала поранешна дадилка со која тој ја изневерил и која таа ја обвинува за распадот на нивниот брак…
Преземено од Вечер