Меѓународниот поетски фестивал „Денови на Наим” ќе се одржува во Тетово

Меѓународниот поетски фестивал „Денови на Наим” по 24-ти па ќе се одржува од 15 до 18 октомври во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок” во Тетово. Годинешен лауреат е поетесата Лидија Димковска.

– Лауреат на годинешното издание е македонската поетеса Лидија Димковска која ќе добие наградата „Наим Фрашери” како и функцијата почесен член на дирекцијата на фестивалот. Вториот ден во петок ќе се одржи научна конференција насловена „Наим Фрашери и татковината”. Дел од манифестацијата е и промноција на шест книги на лауреатите од претходните изданија, истакна на денешната прес-конференција, Шаип Емурлаи од организацијата на фестивалот.

Нa фестивалот поканети се 32 поети од повеќе земји

Треба да знаете
Последни објави