Пандев е на пат да го добие за соиграч Пато

Според информациите кои пристигнуваа од италјанската фудбалска калчолигашка конкуренција, Џенова, тимот на макеоднскиот фудбалски интеранционалец Горан Пандев е пред реализација на трансфер за поранешниот бразилски репрезентативец Александре Пато. Бразилецот во моментов е без клуб и се поврзува за враќање во Италија, каде за неговите услуги интерес покажала Џенова.

Пато на почетокот од својата интернационална кариера во Европа беше дел од славниот Милан, а кусо време мина и во редовите на англискиот прелиерлигаш Челзи. Настапуваше и во Кина, а до пред еден месец беше дел од бразилскиот тим Сао Паоло.

Пато (31 г.) има 12 настапи за бразилската селекција.

Треба да знаете
Последни објави