Пандев: Косово не исцрпи, но имаме мотив за нов триумф и пробив на првото место во групата

Македонската фудбалска репрезентација одигра два натпреаври за нецела недела, а утревечер во Скопје (20.45 ч.) е и третиот предизвик, со Грузија. Сите се во рамките од Лигата на нации. Првиот дуел со Косово (2:1), беше полуфинален од минатосезонското натпреварување кое македонскиот државен тим го донесе на само еден чекор од пласман за првапат на завршница од ЕП. Во финалето на 12 ноември ги очекува дуел во Тбилиси со грузија, вечерашниот противник од групата во годинашното издание од истото натпреаврување.

Капитенот Горан Пандев, признава дека дуелот со Косово ги исцрпил, но сепак се спремни и желни да пружат максимум да победат утре со Грузија и да го преземат лидерското место во групата.

-Сите што сме тука ќе дадеме максимум, иако ова е трет натпревар за нас. Косово и физички и психички не исцрпи, но подготвени сме да дадеме сè од себе и да го добиеме натпреварот. Сите конкурираме за првите единаесет. Знаевме дека не очекува пеколен ритам. Свесни сме сите дека секој од нас ќе добие шанса. Во секој натпревар влегуваме со 100%, но фудбалот е игра во која има и противник и не е секогаш лесно да го добиеш. Се надевам дека ќе победиме утре и ќе се пробиеме на првото место во групата, изјави Пандев.

Горан Пандев беше клучна фигура во пресметката со Косово, а доби поштеда и од клупата го започна мечот со Естонија во Талин (3:3). Сепак, кога на националниот тим не му одеше, Пандев одново беше џокерот од клупата и постигна гол за намалување на негативата.

Треба да знаете
Последни објави