Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи работна средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Како што соопшти Комората, целта на работната средба е да се отвори дискусија за идните проекции за инвестициите во инфраструктурата, реализацијата на капиталните проекти, потребата и динамиката за носење на новите прописи од областа на градежништвото и останати прашања од интерес на компаниите членки чија дејност е во надлежностите на Министерството за транспорт и врски.