Живееме еден од најтешките периоди во поновата историја. Целиот свет е под огромен притисок, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
-Но, најголемиот товар и натаму го носат здравствените работници и повеќе од сé им е потребна наша поддршка за да се справат со предизвикот пред кој се исправени.
Здравствените работници се нашата надеж во борбата против пандемијата. Почитувањето на мерките е „оружјето“ со кое ние, секој еден од нас, може да даде свој придонес во таа борба. Да им помогнеме, тие тоа го очекуваат и заслужуваат. Да покажеме благодарност и почит кон нивната работа.