Таа неодамна ги искритикува измамниците кои продаваа билети за нејзината традиционална забава за Ноќта на вештерките и покрај тоа што настанот беше откажан поради пандемијата на Ковид-19.
Поранешната манекенка и супермодел Хајди Клуми во понеделникот се врати на работа и веднаш потоа на својот Инстаграм сподели дел од снимањето на нов проект. „Снимање доцна вечерва во @balmain“, напиша таа во насловот на објавата.
Пред камерата, 47-годишната манекенка блеска во прекрасен лелеав фустан на француската модна куќа „Балмејн“.
Фустанот е дел од колекцијата Balmain Resort 20, а комбинацијата на свила и шифон во фустанот создава воздушеста, летачка слика. Креацијата има трендовски долги ракави спуштени под нејзините раменици.
Хајди, која во ова време обично се подготвува за својата годишна екстраваганца за Халовин или Ноќта на вештерките, минатата недела ги предупреди корисниците на социјалните мрежи дека некои луѓе продаваат билети онлајн иако забавата е откажана.
„Здраво фанови на Халовин, некој само што ми кажа за оваа измама. Оваа година нема да има забава, ќе има нешто забавно … но нема билети, јас всушност никогаш не сум продавала билети, сето тоа е измама! Немојте да купувате.“