Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година не ја искористи предноста на домашниот терен и ремизираше (1:1) против Израел, дирекниот конкурент за втората позиција во 6. квалификациска група за ЕП-2021. Македонија се спаси од пораз благодарение на прецизно изведениот слободен удар на Јани Атанасов во судиското продолжение – 94. минута. Израел си обезбеди предност уште во првиот дел по една лоша проценка на голманот Ристе Јанков, кој пак за киксот во вториот дел се извади со одлични интервенции и одбранет пенал.
Македонија ја сочува втората позиција во квалифиакциската група на две кола пред крајот, реваншот со Израел во гости и домашниот меч со Црна Гора, но занчително си ги намали шансите како една од петте најдобропалсирани втори селекции од сите девет квалифиакциски групи да патува на завршницата од ЕП која идната година ќе се одржи во Унгарија и Словенија.
Израел е директен конкурент за второ место на табелата, кој веќе во наредната рунда ако ја искористи предноста на домашниот терен против Македонија може да направи рокада на табелата каде Шпанија засега е сигурен лидер, но и тие лошо ќе котираат во трката за најуспешните пет второпласирани селекции.